Аларми

Први дознајте кога нешто не е сосем во ред.

Бил сопрен еден од вашите камиони и моторот работи веќе10 минути. Возачот добива известување да го изгаси моторот за да не троши залудно гориво. По пет минути, статусот на моторот е сè уште ист. Тогаш управителот на возниот парк добива знак за претпазливост да контактира со возачот за да го избегне залудното трошење.

 
Има многу ситуации во кои мора да реагирате брзо, кога нешто не е сосем во ред со возилата во вашиот возен парк. Всушност, „фротком“ нуди повеќе од 30 вида аларм што можете да ги конфигурирате според своите потреби.

Меѓу најчесто користените аларми се алармите за „Влегување во област“ и за „Излегување од област“, алармите за „Пречекорена брзина“ и за „Неактивност“, но секако ќе најдете и други што може специјално да се приспособат за потребите на вашата фирма.

Може да дефинирате разни нивоа на аларми и да известувате различни луѓе. На пример, како што е наведено погоре, може да дефинирате иницијално ниво на алармот за да го предупреди возачот, а може и да го покачите алармот на повисоко ниво ако ситуацијата остане нерешена.

Може да го конфигурирате „фротком“ да ве извести, или да извести некој друг, кога се случува нешто што ги засега вашите возила.

„Фротком“ нуди повеќе од 30 различни видови аларми, вклучувајќи аларми за „Пречекорена брзина“, за „Отворена врата“, „Ниво на гориво“, „Искористеност на патот“,  „Излегување од област“ и многу други.

Секојпат кога ќе се исполнат условите што ќе ги поставите за аларм, алармот ќе се активира. Може да добиете известување преку интерфејсот на „фротком“ или преку е-пошта и СМС. Алармите може да му се испратат и на возачот на возилото што го активирало алармот. Ова може да биде корисно, на пример, во случај на аларм за температура, да се побара од возачот да ја провери температурата во товарниот дел за да се спречи оштетување на стоката чувствителна на температура.

Контактирајте не
Бидете првиот што ќе знае кога нешто не е во ред.

Бенефиции

Дејствувајте веднаш!

Понекогаш мора да дејствувате веднаш за да решите некој проблем или за да спречите тој да се влоши.

Имајте задоволни клиенти!

Изберете го вистинскиот комплет аларми за вашата фирма и не оставајте неизвршени услуги, не дозволувајте задоцнети испораки или оштетен товар.

Заштедете пари

Ако дејствувате брзо, може да избегнете акумулирање на многу непотребни трошоци, како што се непотребното зголемување на километражата и на потрошувачката на гориво, неизвршените услуги и многу други работи.

Зголемете ја продуктивноста

Ако дејствувате брзо, ресурсите на возниот парк ќе може да се искористуваат на најдобриот можен начин, со што се максимира продуктивноста.

Patinter - Portugal

"Покрај тоа, Фротком обезбедува низа аларми и алатки за следење кои ни овозможуваат да прифатиме превентивно управување, што резултира со заштеда на оперативните трошоци."

Америко Диас
ЦИО
-
Patinter - Portugal