Автоматска идентификација на возачите

Имајте увид кој ги вози вашите возила.

Добивате по пошта казна за пречекорување на брзината снимено на камера. Јасно се гледа регистарската табличка на возилото и ги користите евиденциите на „фротком“ за да потврдите дека возилото навистина ја пречекорило брзината на местото и во времето што го наведува полицијата. Треба да разговарате со возачот. Се јавува проблем, возилото го користеле различни возачи. Не може да утврдите кој го возел возилото во тоа конкретно време.

Во многу фирми, возилата во возниот парк може да ги возат разни возачи, во зависност од расположливоста на возачот и на возилото. Ако случајот е таков, ви треба начин како да дознаете веднаш кога се менуваат возачите за да може да ја координирате комуникацијата и да ги регистрирате патувањата на секој возач посебно.

Без автоматска идентификација на возачот може да дојде до ситуации како гореопишаната, особено во фирмите во кои за да се искористат оптимално возниот парк и персоналот, возачите мора постојано да се прераспределуваат.

Ако сакате да имате увид во тоа кој возач е задолжен за определено патување,  автоматската идентификација на возачите на „фротком“ е решение за вас.

„Фротком“ може да користи неколку различни методи за автоматска идентификација на возачите:

„Ајбатон“ (iButton)

Модулот за идентификација го сочинуваат читачот iButton и сигналниот уред што се инсталира на контролната табла на возилото и се поврзува со ГПС-локаторот на „фротком“.

Секој возач добива личен предавател iButton во облик на малечок приврзок за клучеви.  Возачот само ќе го допре читачот iButton со предавателот iButton за да се идентификува како возач пред да почне ново патување. 

Ќе се слушне звук и ќе се прати идентификацијата на возачот до податочниот центар на „фротком“.

Ако возачот не се идентификува пред да започне ново патување, сигналниот уред ќе емитува гласен звук. Ако започне патувањето и нема пристигнато идентификација, во „фротком“ се активира аларм што може да генерира, на пример известување за управителот на возниот парк или за друго лице во фирмата. Овие реакции може лесно да се конфигурираат во согласност со потребите на вашата фирма.

Картичка за идентификација со радиофреквенција

Во оваа алтернатива, модулот за идентификација се состои од читач на картичка за идентификација со радиофреквенција и од сигнален уред што се инсталира на контролната табла и се поврзува за ГПС-локаторот на „фротком“.

Секој возач добива картичка за идентификација со радиофреквенција, предавател во облик и со големина на кредитна картичка, на кој може да се стави логото на вашата фирма.  

Пред да започне ново патување, возачот ја принесува картичката до приемникот на картичка за идентификација со радиофреквенција. 

Ќе се слушне звук и ќе се прати идентификацијата на возачот до податочниот центар на „фротком“.

Ако возачот не се идентификува пред да започне ново патување, сигналниот уред ќе емитува гласен звук. Ако започне патувањето и нема пристигнато идентификација, во „фротком“ се вклучува аларм што може да генерира, на пример известување за управителот на возниот парк или за друго лице во фирмата. Овие реакции може лесно да се конфигурираат во согласност со потребите на вашата фирма.

Идентификација со помош на картички за возачи на тахограф

Во Европа, ако вашите возила се опремени со дигитални тахографи, Фротком може автоматски да ги идентификува возачите кога ќе ги вметнат нивните картички во тахографите.

Идентификација со пријавување во терминалот во возилото на апликацијата за управување со работната сила

Ако вашите возачи веќе користат терминали на „фротком“ за управување со работната сила во возилата, може да се идентификуваат кога ќе се пријават во апликацијата за управување со работната сила.

 

Апликација за возачи на Фротком

Возачите можат да го изберат своето возило користејќи ја апликацијата за возачи. QR-кодовите може да се користат за да се направи оваа операција брза и јасна, со насочување на камерата на телефонот кон QR-код залепен на контролната табла на возилото.

 

Контактирајте не
Имајте увид кој ги вози вашите возила.

Бенефиции

Бидете во тек со задачите на возачите

Знајте со сигурност кое конкретно патување му било распределено на кој возач.

Избегнувајте неовластено користење на возилата

Добијте алармен знак ако возачот не е идентификуван кога возилото ќе тргне на патување.

Подобрете го возачкото однесување

Минимизирајте го бројот на казните за пречекорување на брзината и за несоодветно возење на возилата. Возачите ќе знаат дека се следени.

Автоматизација на платниот список

Прецизно регистрирајте ја вкупната километража што ја поминува секој возач за да ја пресметате соодветната плата.

Почитување на законите

Идентификацијата на возачите ви помага да работите во согласност со законите што наложуваат „должност за грижа“ и „ограничување на работното време“ преку евидентирање и известување за времетраењето на возењето.

Уреди и додатоци

„Ајбатон“ (iButton)
Model:
ИБП-1 (IBP-1)
Automatic driver ID - iButton - Frotcom device

„Ајбатон“ (iButton) е уред во облик на приврзок што емитува единствен код за идентификација поврзан со секој возач. Читачот лоциран на контролната табла на возилото го прима кодот.

Картичка за идентификација со радиофреквенција (RFID)
Model:
РФР-1 (RFR-1)
Automatic driver ID - RFID - Frotcom device

Картичката за идентификација со радиофреквенција предава единствен код за идентификација поврзан со секој возач. Читачот лоциран на контролната табла на возилото го прима кодот.

De Beers - Botswana reference

"За истражување на Beers, како во Јужна Африка, така и во Боцвана, безбедноста на нашите вработени кои користат возила на компанијата е важен фактор, како што е управувањето со трошоците и правилната контрола на возниот парк."

Жерард ван дер Вал
Менаџер за здравје и безбедност
-
De Beers - Botswana