Далечинско преземање тахографски датотеки

Преземајте тахографски датотеки без да излегувате од канцеларијата.

Трошите многу време на собирање податоци од тахографските возачки картички и од тахографската масовна меморија на секој камион во вашиот возен парк. Време е вашата фирма да осмисли како да го прави тоа на полесен начин.

Во Европа, операторите на тешки возила мора да преземаат податоци од своите тахографски возачки картички и од носителот на масовната меморија за секое возило, а потоа, да ги чуваат податоците најмалку една година за да ѝ бидат достапни на полицијата, ако таа ги побара.

Со далечинското преземање тахографски датотеки сега може да преземате тахографски датотеки далечински, од масовната меморија на тахографот и од тахографските возачки картички, без да излегувате од канцеларија и чувајќи ги датотеките безбедно во податочниот центар на „фротком“.

Со истата технологија, поточно, со читање на бројот на возачката картичка вметната во тахографот, може да се идентификува автоматски возачот. Така, нема да мора да инсталирате дополнителни системи за идентификација на возачите.

Тахографската картичката на фирмата се става во паметен читач за картички поврзан со персонален компјутер во канцеларијата на фирмата. 

Во возилото, тахографот е поврзан со ГПС-уредот за лоцирање на „фротком“. 

Ќе го конфигурирате „фротком“ да ги презема автоматски тахографските датотеки и датотеките од возачката картичка по определен распоред. Може да се дефинираат различни фреквенции за тахографските податоци и за податоците од возачката картичка.

Во планираното време, „фротком“ го контактира тахографот и бара да се преземат податоците. 

ГПС-уредот за лоцирање добива овластување да ги преземе податоците од тахографот, преземајќи ги податоците од картичката на фирмата.

Овластувањето се праќа до уредот за следење, кој ги презема бараните податоци од тахографот или од вметнатата возачка картичка. 

Податоците од тахографот или од возачката картичка се испраќаат до податочниот центар на „фротком“.

Тогаш податоците ви стануваат достапни на три различни начини:
● се испраќаат автоматски (по е-пошта) до вашата канцеларија; 
● ги презема рачно операторот што го користи веб-интерфејсот на „фротком“; или
● се преземаат автоматски со локална апликација за читање картички.

Главни карактеристики

● Автоматско преземање на тахографската датотека од возилото
● Автоматско преземање на датотеката од тахографската возачка картичка
● Автоматско идентификување на возачот
● Претходно дефиниран распоред на преземањето на податоците од тахографот и од возачката картичка

Контактирајте не
Во согласност со законодавството на ЕУ.

Бенефиции

Помали трошоци / Побрзо и поевтино

Распоредете ги и преземајте ги тахографските датотеки без да мора да праќате некого до секое возило, за што ќе треба многу работен труд и ангажирање подизведувачи, како и трошоци за нивно исплаќање.

Помалку застои, а поголема продуктивност

Зголемете ја расположливоста на вашиот возен парк со тоа што возилата нема да мора да стојат паркирани додека собирате датотеки.

Работете во согласност со законите на ЕУ

Обезбедете го преземањето на податоци од возилото до „фротком“ во согласност со регулативите на ЕУ.

Koblar - Slovenia

„Со Фротком, ние добивме многу, најмногу во заштеда на време при пребарување на различни детални информации за одреден возач или камион. Преземањето на далечинскиот тахограф исто така заштедува многу време и е предност во смисла на логистика, бидејќи нема потреба да чекате камионот да пристигне на паркинг-просторот на компанијата како порано “.

Дамијан Коблар
Директор
-
Koblar - Slovenia