Имобилизирање на возилата

Далечинско копче против кражби.

Ви го украле возилото. Се јавувате веднаш во полиција. Иако може да го следите возилото преку „фротком“, сакате да го блокирате најбрзо што може пред да избега надвор од дофат.

Ви треба начин за блокирање на возилото во случај на кражба? Со имобилизаторот на „фротком“ може да го блокирате возилото во случај на кражба.

За секое возило ќе добиете единствен код со кој ќе може да го блокирате и да го деблокирате системот. Користете го или преку веб-интерфејсот на „фротком“ или преку апликацијата „фротком“ за паметни телефони.

Од безбедносни причини, возилото ќе се имобилизира само откако тоа ќе биде паркирано и моторот ќе биде исклучен. Кога ќе се случи тоа, возилото веднаш ќе се имобилизира. 

Од тој момент, моторот веќе нема да може да се запали. Палењето нема да функционира сè додека не го реактивирате возилото со внесување на кодот за деблокирање.

Ставете налепница „Контролирано преку ГПС“ (GPS Controlled) за да ги одвратите крадците. Тоа е веројатно подеднакво важно како и инсталирањето на имобилизаторот.
 

Имобилизаторот (контролниот прекинувач) е поврзан за палењето на возилото и се контролира со дигитален излез во ГПС-уредот за лоцирање на „фротком“. 

Кога вие или друго овластено лице ќе даде наредба за имобилизирање, се активира прекинувачот. Со тоа се прекинува струјата до стартерот. Притоа, ако возачот се обиде да го сврти клучот за да го запали повторно моторот, нема да се случи ништо.

Кога ќе му се прати обратна порака на уредот, прекинувачот ќе се деактивира, дозволувајќи да стигне струјата од акумулаторот до стартерот. Моторот ќе се запали кога возачот повторно ќе го сврти клучот.

Од безбедносни причини, имобилизаторот не може да влијание воопшто врз возилото кога тоа е во движење. Може само да го спречи возачот да го запали повторно моторот, но само откако ќе го исклучи возилото.

Основни карактеристики
● Има единствен код за секое возило
● Не го попречува возењето (не претставува опасност)
● Едноставно се инсталира

Контактирајте не
Зголемете ја безбедноста на вашиот возен парк.

Бенефиции

Дејствувајте веднаш!

Блокирајте украдено возило од вашиот мобилен телефон, преку апликацијата „фротком“ или преку веб-интерфејсот.

Заштедете пари

Зголемете ги шансите да биде вратено украдено возило пред крадците да го оштетат или да го украдат товарот. Покрај тоа, може да разговарате за условите за осигурувањето со вашата осигурителна фирма. Може да откриете дека имате право на пониски осигурителни стапки ако имате инсталирано имобилизатор во возилото.

Зголемете ја безбедноста

Во случај на напад на возилото, вашите возачи не треба да се спротивставуваат. Само нека ги предадат клучевите. Ќе може да ја следите ситуацијата од безбедно растојание.

Sonoco - Guinea

"Управувањето со горивото и следењето на возилото значително го подобрија времето на испорака, дури планираме да користиме и дополнителни функции на Фротком, кои ќе ни помогнат да го земеме управувањето со возниот парк и безбедноста на друго ниво."

Керфала Камара
Логистички менаџер
-
Sonoco - Guinea