Лоцирање на возилото и сензорско следење

Најдобрата алатка за следење возила за вашиот возен парк.

Тешко е да се управува со канцеларијата од возило, но не е многу полесно ни да се управува со возилата од канцеларија, освен ако не ги користите вистинските алатки.

„Фротком“ е професионално решение за фирмите што сакаат да ги следат своите возни паркови: фирми за патен превоз, сервиси за прекуноќно испорачување, фирми за логистика и за дистрибуција, фирми со продажни тимови и со теренски услуги, фирми со градежна машинерија и фирми за изнајмување возила, како некои од нив.

„Фротком“ ви овозможува да го следите едноставно и ефективно својот возен парк и да имате видливо зголемување на продуктивноста, добивките и квалитетот на услугите.
Во секое возило од возниот парк се инсталира мал апарат со ГПС-приемник и со ГПРС-комуникациски модул. Со апаратот можете да го следите движењето на сите возила: каде се, каде биле, кога го почнале патувањето, каде застанале и колку се задржале и сл.

Со „фротком“ може да ги следите своите возила 24 часа на ден; добивате информации за позицијата и од сензорите во реално време. „Фротком“ има и многубројни дополнителни модули со комплет аларми и извештаи, управување со работната сила, возачко однесување, управување со трошоците, контрола на горивото и автоматска идентификација на возачот, меѓу другото.

Сè што ви треба за пристап до Фротком е Интернет-врска и веб-прелистувач или апликацијата Frotcom’s Fleet Manager на паметен телефон. Имајте пристап до информациите за возниот парк на работното место, дома или каде било.

Фротком поддржува и електрични возила

Параметрите како што се полнењето на батеријата, опсегот (колку далеку може да оди возилото со моменталното полнење) или статусот на полнење се достапни и ќе ви помогнат да одредите како најдобро да ги користите вашите возила.

Електричните возила се иднината, не само затоа што имаат економска смисла , туку и затоа што возилата со мотори со согорување ќе имаат многу ограничени движења, особено во близина на големите градови. Патем, Фротком ви помага и да ги измерите емисиите на CO2 на возилата со мотор со согорување.

 
За следење на секое возило, „фротком“ користи ГПС/ГПРС-уред за лоцирање.

Уредот е поврзан за акумулаторот на возилото (12 V за повеќето автомобили или 24 V за камионите и за другите големи возила). Потрошувачката на струја е многу мала за да не се испразни акумулаторот на паркираните возила. 

Користејќи кој било веб прелистувач или апликација Frotcom’s Fleet Manager за паметни телефони (iOS и Android), можете да пристапите до сите информации за вашата флота.

Местоположбата на возилото се прикажува на дигитални мапи. Податоците за брзината, палењето и од сензорите може да се гледаат во графикони или во табели. Може да прикачите многу различни сензори на уредот за лоцирање: 
● сензори за температурата
● сензори за отворени врати
● сензори за нивото на горивото
● повеќето дигитални сензори (оние со две можности: вклучено/исклучено, отворено/затворено, високо/ниско итн.)
● повеќето аналогни сензори (оние што мерат варијабла што варира постојано со текот на времето)

Уредот за лоцирање може да се поврзе за некои од податоците за возилата („Кен бас“ - CANBus) за да чита дополнителни информации, како, на пример, за:
● вртежите во минута на моторот
● температурата на моторот
● работните состојби на тахографот (се користи во европските камиони)

Во претходно определени интервали – на пример, секој минута – уредот за лоцирање ги испраќа податоците од ГПС, за палењето, од сензорите и од „Кен бас“ до податочниот центар на „фротком“ преку ГПРС (вклучено во пакетот). 

Веднаш се регистрираат и се обработуваат податоците што ги добива податочниот центар на „фротком“. Податоците се скенираат и за ситуации што се можеби алармен знак.

За секој корисник се дефинираат извештаите (и фреквентноста на нивното генерирање). Корисниците ќе ги примаат бараните извештаи по е-пошта врз основа на тие параметри.

Однапред се дефинираат и ситуациите што се алармен знак и, кога ќе се појават, ја зголемуваат веројатноста веднаш да се реагира на проблемот.

Може да ставите додатоци по желба, исто и услуги, како што се навигатор, интерфејс за „Кен бас“ или имобилизатор за возилото, како неколку од многубројните опции.

Главни карактеристики
● сеопфатно решение за лоцирање во реално време
● комуникација преку ГПРС
● позиционирање преку ГПС
● статус на палењето 
● влезни приклучоци за голем број различни сензори (опционално)
● повеќејазична поддршка
● апликација за паметни телефони за управителите на возните паркови
● прегледи на податоците за брзината и на сензорите во графи и во табели
● автоматски извештаи што се испраќаат по е-пошта
● автоматски алармни знаци за по е-пошта

Контактирајте не
Добијте ги вистинските алатки за управување со возниот парк.

Бенефиции

Намалени трошоци и зголемена продуктивност

Помали трошоци за гориво и за одржување; повеќе извршени услуги месечно.

Подобри услуги за клиентите

Избегнувајте доцнење, но кога тоа не може да се избегне, информирајте ги клиентите.

Подобро планирање на работата

Знајте точно што може да барате од вашиот возен парк преку следење на извршувањето на работата.

Зголемена безбедност

Помалку кражби, помалку незгоди.

P2P transport - Slovenia

"Доживеавме намалување од 12% во трошоците на возниот парк, продуктивноста се зголеми, а поддршката на корисниците е многу полесна за да се справиме со неа".

Мерси Садиќ
Менаџер за транспорт
-
P2P Transport - Slovenia