Сигнал од копчето за тревога

Едноставно е, но може да значи многу еден ден.

Истовремените пораки за аларм на вашиот компјутер и на мобилниот телефон не оставаат место за сомнеж: возачот го притиснал копчето за тревога. Се обидувате да му се јавите, но неговиот телефон не работи. За среќа, имате друго возило во близина кое го упатувате директно до локацијата каде што е активирано копчето за тревога. Помошта пристига.

Возачите често се во ранлива позиција затоа што работат сами. Вашата фирма мора да го минимизира нивниот ризик.

Со копчињата за тревога вашите возачи може да вклучат аларм во итна ситуација, а тоа може да биде утешно за нив, и секако, за вас. 

Се работи за многу едноставна постапка што може да се покаже како бесценета во невола. Кога се под закана, возачите можеби не можат да го искористат телефонот за да повикаат помош, но лесно можат да го притиснат копчето за тревога, без да ги забележи агресорот. 

Копчето за тревога е како осигурителна полиса, се надевате дека никогаш нема да го искористите, но добро е да го имате, ако се појави потреба.
 

Штом возачот ќе го притисне копчето за тревога, во податочниот центар на „фротком“ ќе пристигне аларм.

Оттаму, во зависност од поставките што ќе ги изберете, алармот ќе се пренесе по е-пошта и по СМС до местата по ваш избор. 

Алармот, што е исто така регистриран во „фротком“ за идна референца, вклучува информации за возилото, за возачот, времето кога било активирано копчето за тревога и локацијата каде што се случил инцидентот. Со овие информации можете да се обидете да го контактирате возачот или да пратите друго возило или да пратите полиција до локацијата на која се наоѓа возилото. 

Копчето за тревога е обично инсталирано на место дофатливо за возачот, а притоа да е незабележливо за потенцијалниот агресор во кабината.

Контактирајте не
Не чекајте за итен случај.

Бенефиции

Заштитете ги своите возачи.

Се работи за многу едноставна постапка што може да се покаже како бесценета во случај на опасност.

Зајакнете ја должноста за грижа на фирмата

Вашата фирма е должна да осигури безбедна средина за своите возачи. Копчето за тревога е уште еден чекор кон остварување на таа цел.

Уреди и додатоци

Копче за тревога
Model:
ИБП-1 (IBP-1)
Panic button - IBP-1

Копчето за тревога е директно инсталирано на контролната табла на возилото. Ако го притиснете, ќе се генерира знак за опасност.

Inter-Adaks - Slovenia

„Откако почнавме да го користиме 'Фротком', се намали потребата да ги контактираме возачите, ги намаливме комуникациските трошоци и ја зголемивме безбедноста на возачите“.

Андреј Штајдохар (Andrej Štajdohar)
Извршен директор
-
Inter Adaks - Slovenia