Обезбедете следливост на операциите

Понекогаш треба да знаете што точно се случило во текот на претходно патување во врска со товарот или со услугата затоа што сте добиле поплака од клиент или казна за пречекорување на брзината. Треба да ја следите операцијата назад до нејзиното започнување.  Ова се  најчестите прашања што би требало да може да ги одговорите за целосна следливост:

Кој бил возачот за даденото патување?

Многу фирми, за да ја максимираат продуктивноста, а да ги намалат трошоците, распределуваат различни возачи за различни возила. Ова е многу често, на пример во меѓународниот патен превоз.

Прво што треба да знаете е: кој го вози конкретното возило?

Во повеќето случаи, кога се менуваат често возачите, треба да има некаков облик на автоматска идентификација.

„Фротком“ ви дава избор на неколку методи за автоматска идентификација на возачот. Највообичаениот е во облик на малечок пластичен уникатен идентификатор, „ајбатон“ (iButton).  Кога ќе го насочите идентификаторот кон читачот во возилото, автоматски ќе се регистрира единствениот број на возачот.

Така секогаш ќе знаете кој возач е зад воланот на дадено патување.

Препорачани карактеристики

Solution – Provide operation traceability

Под кои услови е извршена услугата?

Ова прашање, секако, може да е поврзано со разни варијабли.

Ако сакате да проверите дали полицаецот со право го казнил возилото за пречекорување на брзината, сакате да знаете дали возилото било таму, а потоа и со која брзина патувало.

Ако клиентот одбие да прифати палета смрзната храна поради високата влага во контејнерите, што покажува дека била превезувана извесно време на температура повисока од пропишаната максимална температура, несомнено ќе сакате да ги проверите температурите регистрирани за време на патувањето, од моментот кога палетата го напуштила разладуваниот склад. Можеби термостатот во разладуваната приколка не функционирал правилно.

Можеби некој се јавил во вашата канцеларија и кажал дека некое возило било возено неправилно и опасно. Секако, ќе мора да проверите дали ова возило навистина било возено несоодветно и да реагирате соодветно.

Кое беше времето на пристигнување и на поаѓање?

Ова може да биде корисно кога сакате да потврдите дали возило пристигнало или не пристигнало во претходно определеното време. Можеби поради тоа возилото го пропуштило терминот за истоварање или можеби клиентот се жали дека нивните операции се сега загрозени поради задоцнетото пристигнување на вашето возило.

Понекогаш можеби сакате да знаете зошто возилото што требало да го истовари товарот на локацијата на клиентот морало да чека толку долго. Ова ја загрозува продуктивноста на возниот парк и вие треба да соберете доволно докази дека тоа се случува често на локацијата на клиентот, пред да проверите дали и како може да се намали времето на чекање.

Serma - Spain

„Серма“ (Serma) – Шпанија – општо – писмена препорака

Анхел Хереро (Ángel Herrero)
Раководител на службата за продажба
-
Serma - Spain

Целосно решение за управување со возниот парк

Frotcom is a complete package. Our software contains all the features you need to manage your fleet, whatever the industry you work in. Discover how we can help.
Solutions
Контактирајте не
Обезбедете следливост на операциите.