Зголемете го обемот на операциите

Основни активности на возниот парк

Бидејќи расте вашата фирма, треба да додадете уште возила во возниот парк и да ангажирате повеќе возачи. Како да го сторите тоа без да изгубите контрола и без да мора да ангажирате неколку нови управители на возниот парк?  Како да бидете сигурни дека вашата фирма може да одговори на зголемените барања? Знаеме низ што минувате. Постапете вака: 

Избегнете ги сите почетнички маки

На почетокот, имало само едно лице одговорно за управувањето со целиот возен парк, но тоа веќе не е можно затоа што се проширил возниот парк. Не само што сте најмиле повеќе возачи, сте најмиле и повеќе управители за возниот парк. Сепак, се чини дека и тоа не е доволно. 

Почнале да се јавуваат комуникациски проблеми меѓу возачите и управителите на возниот парк, недоразбирања, жалби од клиентите. Ви треба професионална помош.

Solution – Scale up your operations

Решението што му помага на вашиот развој

Главно, треба да најдете заедничка платформа што ја олеснува и ја евидентира комуникацијата: платформа што може да ги споделува информациите меѓу управителите на возните паркови, кога за тоа има потреба, а што истовремено ви овозможува да распределите посебни групи возила на определени управители на возни паркови, во зависност од нивната функција и одговорностите;

платформа што ќе овозможи да ги контролирате активностите на возниот парк и да ги известувате клиентите непосредно пред пристигнувањето на возилата;

платформа што може да се интегрира со други постојни софтверски решенија во вашата фирма, на пример софтвер за фактурирање, софтверот за планирање на ресурсите во претпријатијата (ERP), за планирање на рутите или пакети за човечки ресурси. Последното нешто што ви треба се софтверски решенија што не „комуницираат“ меѓусебно, за што ќе биде потребна човечка интервенција за собирање на податоците од едно место и нивно внесување на друго место. Тоа не само што одзема време, туку и нужно предизвикува човечки грешки и последователни загуби во продуктивноста и во профитабилноста.

Платформа што ќе ви помогне да одговорите на стратегиските прашања, како што е: „Каде да го изградиме новиот склад?“ Со други зборови, каде е оптималната географска местоположба што ја намалува километражата на вашите возила?

Накусо, ви треба решение што ќе ви помогне да ја развивате фирмата и што ќе се развива заедно со неа.

Само тогаш ќе имате бизнис-модел што навистина ќе ви овозможи да одговорите на зголемените барања и што нема да зависи целосно од знаењето на промоторите и на трети лица.

Epiphaniou - Cyprus

„Со 'фротком' и со другите подобрувања што ги направивме во нашата фирма, веќе успеавме да заштедиме 35% на потрошувачка за гориво“.

 Петрос Керкидес (Petros Kerkides)
Управител за логистика
-
Phanos N. Epiphaniou - Cyprus
Контактирајте не
Зголемете го обемот на операциите.