Зголемете ја продуктивноста

Основни активности на возниот парк

Бидејќи вашата фирма работи на многу конкурентен пазар, сакате возачите да можат да извршуваат што е можно поголем обем на работа, без да се пречекорат законските или препорачаните ограничувања или да се пречекорат соодветните возачки шеми. Истовремено, сакате да бидат расположливи вашите возила, да избегнете застои и непродуктивни патувања. Главно, треба да се фокусирате на следново:

Користете соодветни возила и возачи

Ако веќе имате софтвер за планирање на рути што ви одговара, тоа е супер. Треба само да се уверите дека вашите возачи ги добиваат потребните информации и дека тие се испраќаат до „фротком“ со достапниот АПИ (апликациски програмски интерфејс), за „фротком“ да може да го следи извршувањето на планираните работни задачи.

Ако сè уште немате софтвер за планирање рути, а големината на вашиот возен парк и сложеноста на неговите операции веќе налагаат такво планирање, контактирајте нè. Ќе ви понудиме софтвер за планирање рути што целосно се интегрира со „фротком“.

Може да заклучите и дека обемот на операциите на вашата фирма сè уште нема потреба од софтвер за планирање рути. Во тој случај, веројатно само ќе сакате да може да го изберете најблиското слободно возило за секоја нова услуга. За патен превоз често треба да се избере возило чиј возач има доволно време за да може да ја изврши следната услуга без да го надмине дозволеното времетраење на возењето за тој ден, седмица, месец итн., а тоа значи дека треба да комуницирате со возачот и да му пратите инструкции за новата услуга што треба да се изврши.

Solution – Increase productivity

Користете алатки за диспечирање и за комуникација

Кога ќе знаете кој возач да го распределите за услугата, ќе сакате да го сторите тоа ефективно, без грешки и со можност за следење. Ви треба алатка за диспечирање.

„Фротком“ нуди токму таква алатка за управување со работната сила со која може да ги известите возачите за новите услуги, да им ги пратите сите потребни информации, а потоа автоматски да креирате механизми за следење на извршувањето на тие задачи.

Возачите ќе го користат табла-компјутерот во возилото за да ги извршат задачите, при што ќе ја информираат канцеларијата за секоја фаза на извршувањето. Вклучени се навигацијата и обрасците по мерка, така што може да ги примате сите информации што ви требаат од терен, вклучувајќи и потврда за испорака.

Ова ја намалува можноста за појава на човечка грешка и им овозможува на возачите да завршат повеќе нарачки без дополнително оптоварување, како и подобро да управуваат со своето време.

Покрај тоа, автоматски ќе го документирате секој чекор од патот собирајќи обрасци од теренот за секоја етапа: потврда за испорака, одбиени работни задачи, дополнување гориво, чекање итн.

Ако сакате поосновно решение, може да го користите модулот за интегрирана навигација на „Фротком“, кој ви овозможува да праќате пораки и дестинации на навигаторите „гармин“ во возилото. Иако не се толку моќни како апликација за управување со работната сила, тоа претставува алтернатива за фирмите што сакаат основно решение за распределување на работата.

Интегрирајте со друг софтвер

За да ја оптимизирате продуктивноста, можеби ќе треба да го интегрирате „фротком“ со други софтверски пакети што се користат во канцеларијата, на пример, за планирање рути, планирање на ресурсите во претпријатијата (ERP), за фактурирање или за човечки ресурси.

Интегрирајќи го „фротком“ со друг софтвер, може да бидете сигурни дека нема потреба да препишувате информации, а притоа ќе ги намалите потребните ресурси и неизбежните човечки грешки.

Препорачани карактеристики

Користете го ефикасно времетраењето на возењето

Не може да очекувате вашите возачи да возат нонстоп иако клиентите очекуваат да работите нонстоп. Има препорачани или законски ограничувања на времетраењето на возењето (максимално непрекинато времетраење на возењето, максимално времетраење на возењето меѓу дневните паузи, максималното времетраење на возењето седмично итн.).

Нормално, не сакате да го пречекорите ограничувањето на максималното времетраење на возењето со тоа што ќе барате возачите да подигнат нов товар кога речиси го исполниле своето дозволено времетраење на возењето.

Треба да сте информирани за времетраењето на возењето на секој возач. Треба да имате и механизми што ќе ви помогнат да ги најдете најблиските слободни возила и возачи што ќе можат да го исполнат рокот и да го извозат патот за следната работа.

Негувајте ефикасно возење

Ефикасното возење е најекономичниот и најеколошкиот облик на возење што сепак дозволува вашите возачи да се придржуваат до планот.

Со други зборови, кога ќе распределите дестинација на некој возач, сакате патувањето да се изврши така што потрошувачката на гориво ќе биде најниска што може, но и возилото да пристигне на дестинацијата во планираното време.

За тоа е потребно возачите да имаат јасни информации за времето на пристигнување и да се следи внимателно секое патување за да се открие секое застранување од планот. На тој начин, ќе може да побарате возачот да преземе мерки да ја поправи ситуацијата или, ако има потреба, може вие на соодветен начин да го смените планот (на пример, во случај на сообраќаен метеж).

Избегнувајте погрешни рути

За да се максимира производството ќе треба да се уверите дека секое патување е извршено со следење на најдобрата можна рута. Тоа не е секогаш најкусата и најбрзата рута. Може, на пример, да биде рута што користи национални патишта и што избегнува автопати и патарини.

Главно, ви треба начин да ја испланирате најдобрата рута за секое патување и потоа да се уверете дека вашиот возач се држи до планот.

Избегнувајте застои во работењето на возилата

Застоите во работењето на возилата може сериозно да ги загрозат вашите планирани услуги и да ја намалат продуктивноста. Понекогаш застојот може да има ефект само врз една работа, но се случува да сфатите дека од возниот парк ќе ви недостига возило цела една седмица или месец.

За да ги минимизирате застоите, прво треба да се уверите дека ги преземате сите потребни операции за одржување во согласност со прописите на производителите.

Второ, треба да ги следите возачките параметри и да се уверите дека тие не ги оптоваруваат моторот, гумите или другите суштински делови на автомобилот.

Може да го следите и возачкото однесување бидејќи и преку него се набљудуваат и се рангираат возилата и возачите во согласност со параметрите како што се грубото зголемување на брзината и сопирањето, прекумерните вртежи на моторот итн.

Со тоа што возачкото однесување ќе биде во препорачаните рамки, не само што ќе ги намалите потрошувачката на горивото и веројатноста да дојде до несреќи туку ќе ја намалите и веројатноста да дојде до застои што се должат на абење и на истрошување.

Bion - Spain

„Фирмата заштедува повеќе од еден час дневно со 'фротком'. Откако го контролираме возниот парк со 'фротком' и имаме пристап до клучните информации за него, дефинитивно заштедивме пари со поефикасното водење на нашиот возен парк“.

Карлос Гутиерез (Carlos Gutiérrez)
Сообраќаен управител
-
Bion Logística y Transporte - Spain
Контактирајте не
Зголемете ја продуктивноста.