Служби за изнајмување автомобили

Користењето на управувањето со возниот парк во службите за изнајмување автомобили им овозможува на фирмите да го намалат ризикот од кражби и од оштетување на возилата, со што се придонесува кон подобро опслужување на клиентите и се намалуваат оперативните трошоци.

Службите за изнајмување автомобили мора да бидат сигурни дека клиентите правилно ги користат автомобилите. Тоа вклучува користење на автомобилите во предефинираните региони, возачко однесување што не е штетно за возилото и собирање ГПС-податоци што може да се искористат за да им се докаже на клиентите валидноста на паричните казни за пречекорување на брзината или за други сообраќајни прекршоци.

Поради големото ротирање на возилата во службите за изнајмување автомобили, ГПС-локаторите што се користат во тие возила обично се приклучуваат мануелно и може веднаш да се користат за да се избегнат високите трошоци за инсталирање и застоите.

Поврзани решенија

„Фротком“ е целосен пакет. Нашиот софтвер ги содржи сите карактеристики што ви требаат за да управувате со возниот парк, сеедно во која индустриска гранка работите. Откријте како може да ви помогнеме. 
Flash Vehicles - Sierra Leone

„Откако испробавме многу решенија за ГПС/ГПРС-лоцирање на возила во Сиера Леоне, 'фротком' се покажа како јасен победник. Ни ја подобри контролата врз возниот парк и врз возачите и ни овозможи да ги подобриме услугите за клиентите“.

Џон Стелзер (John Stelzer)
Џон Стелзер (John Stelzer)
-
Flash Vehicle Rentals - Sierra Leone

Запознајте се со нашите клиенти

Контактирајте не
Откријте решенија на Фротком за рент а кар флоти.