Извештаи

Сè што треба да знаете за својот возен парк.
Сакате да знаете колку време точно се товарале или се растоварале вашите камиони на секоја клиентска локација. Треба да знаете дали овие операции одземаат премногу време на некои локации за да ја подобрите продуктивноста на возниот парк. Ќе пуштите еден од многуте извештаи на „фротком“ и ќе дознаете. Совршено е јасно.
Извештаите на „фротком“ за управувањето на возниот парк ви ги даваат директно сите информации што ви требаат. Веднаш се предочуваат проблемите што треба да се решат.

Може да избирате од дузина различни видови извештаи што опфаќаа секакви активности во врска со возниот парк. Има и резимирани извештаи што ви ги покажуваат основните информации, како и специјализирани извештаи што опфаќаат посебни прашања, како управувањето со горивото и возачкото однесување.

Кога ќе ги изберете и ќе ги конфигурирате извештаите може да го програмирате „фротком“ да ви ги испраќа извештаите дневно или седмично.
„Фротком“ постојано и обработува податоците што доаѓаат од возилата. Кога ќе побарате извештај, „фротком“ ги пребарува сите претходно обработени податоци и ги вади информациите потребни за генерирање на вашиот извештај.

Кога го програмирате „фротком“ да ви испраќа автоматски извештаи, тие се генерираат и ви се испраќаат во текот на ноќта, известувајќи ве што се случувало претходниот период (на пример, претходниот ден). Кога ќе влезете во канцеларијата, вашите извештаи ќе бидат веќе готови.

Главни карактеристики
● Извештаи по мерка на вашите потреби
● Едноставен формат за читање
● Автоматски извештаи што се испраќаат по е-пошта
● Подгответе различни видови извештаи што се испраќаат автоматски до различни работни позиции во фирмата: извршниот директор, финансискиот директор, управителите на возниот парк и други.

Benefits

Оптимизирајте ги своите операции
Проверете едноставно што е сработено и што треба да се поправи или да се подобри.
Споредувајте ја ефикасноста на возниот парк со текот на времето
Имајте во вид како напредуваат ефикасноста на вашиот возен парк и кои се показателите за ефикасноста на кои треба да поработите.
Keetmanshoop Municipality - Namibia
Keetmanshoop Municipality

"Ние имавме можност да ги намалиме трошоците за гориво со следење на нашите возила, да консултираме извештаи за употреба за дозволениот период или време на мирување, анализа на потрошувачката на гориво и користењето на возилото."

Дезмонд Басон
Извршен директор
-
Keetmanshoop Municipality - Namibia