Контролна табла

Клучните показатели за ефективноста (КПЕ) на една страница.

Вашиот тим управители сака на едноставен визуелен начин да дознае како напредуваат главните показатели за ефикасноста на возниот парк. Дали возниот парк се наближува до ограничувањето за обемот на работа? Уште колку може да биде ефикасен? Каква е тековната активност во споредба со последните месеци?

Контролната табла не само што собира важни информации во формат лесен за читање туку и открива податоци во реално време и евидентирани податоци добиени преку софистицирани методи на анализирање податоци.
 
Оваа моќна алатка може да се конфигурира да одговара на вашите потреби, при што ви дозволува да го смените изборот на КПЕ, да креирате нови групи показатели и да ги реорганизирате едноставно со повлекување и со пуштање.

Стандардно, вашата сметка веќе би требало да е конфигурирана да ги покажува некои од достапните КПЕ на вашиот возен парк. Може да го смените изборот на КПЕ и соодветните групи како што претпочитате.

На контролната табла има вертикални полиња наречени групи. Во секоја група може да ги прикажете КПЕ или показателите.

Може да додавате разни показатели во секоја група. Показателите се организирани во 5 различни групи: Сега, Период, Мапа, Отстапки и Еволуција.

Има неколку показатели во секој вид, како, на пример, Обемот на работата на возниот парк, Возила во транзит, Просечна километража, Просечно времетраење на возењето, Возачи со повеќе аларми, Просечен број аларми по возило и многу други.

Главни карактеристики

●  Едноставно и лесно  – собира важни податоци за ефикасноста на вашиот возен парк во формат лесен за читање.
●  Флексибилен и приспособлив по мерка  – управувајте кои КПЕ ќе се прикажуваат во зависност од потребите на вашата фирма и организирајте го изгледот како што претпочитате.
●  Стандардна конфигурација  – за едноставен почеток.
 Глобален преглед на ефикасноста на возниот парк – преглед на ефикасноста на вашиот возен парк со еден поглед.

Контактирајте не
Погледнете ги главните индикатори за вашата флота на една страница.

Бенефиции

Инстантни податоци од системот за деловна анализа и известување

Гледајте ги клучните показатели на една страница.

Подобро планирање на работата

Знајте точно што може да барате од вашиот возен парк откако ќе ги идентификувате потенцијалните подобрувања.

Поддржувајте ефективно донесување одлуки

Дејствувајте врз основа на неоспорни информации.

P2P transport - Slovenia

"Доживеавме намалување од 12% во трошоците на возниот парк, продуктивноста се зголеми, а поддршката на корисниците е многу полесна за да се справиме со неа".

Мерси Садиќ
Менаџер за транспорт
-
P2P Transport - Slovenia