Управување со трошоците

Бидете во тек со своите трошоци.

Колкави се тековните трошоци по километар на вашиот возен парк? Веројатно не знаете.

Всушност, нема конкретен одговор.  Зависи како ќе пресметате. На пример, одговорот ќе биде различен ако пресметувате со просечните трошоци за последните 3 месеци или за последните 12 месеци.

Како да пресметувате кога давате понуда за тендер, на пример? Која пресметка е поконзервативна? Која е поагресивна? Побезбедна ви е првата, но имате поголеми шанси за победа со втората.
 

За да се управува со возен парк, воопшто не е доволно само да се лоцираат возилата. Следењето на трошоците на возниот парк е, исто така, многу важен дел од работата на управителот на возниот парк.

Со модулот на „фротком“ за управување со трошоците може да ги евидентирате и да ги контролирате трошоците на своите возила интегрирано и практично.  Не само што ќе може да ги евидентирате сите трошоци туку ќе може и да ги распоредите фиксните трошоци и да го пресметувате соодносот на, на пример, трошоци/км и трошоци/час,.

„Фротком“ може да ги проверува информациите за трошоците што ги внесувате со ГПС-локациите на возилата, со што се внесува дополнителен степен на контрола во управувањето со трошоци. На пример, може да проверите дали возилото навистина било на бензинската станица кога била отпечатена сметката за гориво. Може да ги проверите и информациите од километражникот со сметката за гориво.

Повторливите трошоци ви даваат можност да ги распоредите фиксните трошоци, како што се амортизацијата или осигурувањето; овие трошоци автоматски се додаваат на списокот на трошоци за возилото.

Конечно, не само што ќе може да ги евидентирате и да ги контролирате сите трошоци на возниот парк туку ќе може и да ги пресметате реалните трошоци за секое возило поединечно, како и соодносот трошоци/км и други соодноси.

Модулот за управување со трошоци на „фротком“ нуди едноставен и ефективен начин за регистрирање на сите трошоци во врска со работењето на вашиот возен парк, вклучувајќи гориво, патарини, осигурување, одржување, гуми, плати итн.

Видете што може да правите со модулот за управување со трошоци:

Пресметајте ги реалните трошоци и трошоците по километар за секое возило, кои се подеднакво важни. Така ќе може да ја одредите прецизно профитабилноста на вашиот возен парк, за секое возило. Ќе може да ги прегледате трошоците на вашиот возен парк и да добиете детални информации за варијабилните и за фиксните трошоци.

Откривајте неточни информации, како погрешно отчитување километри, претерана потрошувачка на гориво или чудни места и време на дополнување гориво (во споредба со стварните ГПС-податоци на возилото). Може да видите на мапата каде било возилото во времето наведено на определена сметка (на пример, сметка за гориво), што ви овозможува да ја проверите секоја сметка посебно.

Примајте знаци за претпазливост кога времето или отчитувањето на километражникот внесени во „фротком“ не одговараат на информациите од ГПС. Ако информациите од километражникот (бројот на километри) не се компатибилни со податоците од ГПС, ќе добиете знак за претпазливост и предлог за точната километража  во тоа време.

Може да ги внесувате трошоците рачно (варијабилните трошоци како, на пример, горивото) или автоматски (повторливите фиксни трошоци како, на пример, осигурувањето). Кога ќе ги внесете трошоците за возилото, може да ги пресметате вкупните трошоци за определен временски период (на пример, последниот месец или последните три месеци). Ќе може да направите преглед и ако сакате да го видите видот трошоци за конкретно возило.

Ќе може да пресметате паралелно неколку важни соодноси:

● трошоци/км
● потрошувачка на гориво/100 км
● трошоци/час и потрошувачка на гориво/час (за градежни машини).
 

Контактирајте не
Започнете да штедите денес.

Бенефиции

Бидете во тек со сите трошоци на вашиот возен парк

Регистрирајте ги сите променливи и фиксни трошоци за возниот парк. Користете ги алатките и извештаите на „фротком“ за да ги анализирате.

Пресметувајте го стварниот трошок по километар за секое возило

Знајте ги трошоците за секое возило по километар или по месец. Не погодувајте колку треба да наплаќате по километар. Ќе можете да направите точни пресметки за секое возило за различни периоди.

Заштедете пари

Минимизирајте го бројот на казните за пречекорување на брзината и за несоодветно возење на возилата. Возачите ќе знаат дека се следени.

Проверете ја автентичноста на издатоците за гориво

„Фротком“ ги споредува сметките за гориво и ГПС-податоците и ви помага да ја потврдите нивната важност.

Epiphaniou - Cyprus

„Со 'фротком' и со другите подобрувања што ги направивме во нашата фирма, веќе успеавме да заштедиме 35% на потрошувачка за гориво“.

 Петрос Керкидес (Petros Kerkides)
Управител за логистика
-
Phanos N. Epiphaniou - Cyprus