На местото на испорака откривате дека ви нема дел од товарот. Не знаете каде, кога или како го снемало. Изгледа како некој да ја чепкал бравата на вратата на полуприколката. Ќе мора да го обесштетите клиентот, кој, нормално, е доста вознемирен.
Ситуациите како гореопишаната може да бидат многу фрустрирачки и штетни за вашата фирма, не само финансиски туку и затоа што ја подриваат довербата на клиентите во вашата работа.
Со контролата на пристапот на „фротком“ може да обезбедите пристап до товарот на вашето возило.
На секоја врата на вашата полуприколка или комби е прикачен сензор за врата. Секојпат кога ќе се отвори или ќе се затвори врата, „фротком“ го забележува тоа и го ажурира статусот на вратата на товарниот дел на тоа возило.
Покрај тоа, може да го конфигурирате „фротком“ да ви испраќа известување секојпат кога ќе се отвори вратата надвор од дозволените места. На пример, може да дефинирате вратата да може да се отвори само во вашиот склад и на местото на испорака кај клиентот. Со секое отворање на вратата Со секое отворање на вратата надвор од тие локации ќе се активира аларм и ќе биде пратено итно известување.
Може да добиете известување по е-пошта или по СМС (по избор) и да реагирате веднаш. Исто така, на мапата ќе може да го видите местото каде што била отворена вратата.
Секој сензор за врата има два дела: магнет и прекинувач. Магнетот е прикачен на вратата. Прекинувачот е прикачен на рамката на вратата.
Во зависност од заемната позиција на магнетот и на прекинувачот, прекинувачот ќе се отвора и ќе се затвора заедно со вратата. Така може да се забележи кога се отвора или кога се затвора вратата.
Кога прекинувачот ќе се поврзе со жица за влез во ГПС-уредот за лоцирање на „фротком“, тие промени ќе се забележат и ќе се испрати информација до податочниот центар на „фротком“.
Може да инсталирате и безжична верзија во која комуникацијата помеѓу сензорот на вратата и ГПС-уредот за лоцирање се воспоставува преку радиофреквенција (РФ), со безжичен предавател прикачен за сензорот на вратата и со безжичен приемник прикачен за ГПС-локаторот. Така значително се олеснуваат и се забрзуваат инсталирањето и одржувањето, а се намалуваат трошоците.
Откако ќе пристигнат информациите од сензорот на вратата во податочниот центар на „фротком“, „фротком“ ќе го ажурира статусот „отворена врата“ за тоа возило и ќе ги провери условите поставени за алармот.
Бенефиции
Вие и вашиот возач може да примате итни знаци за претпазливост кога ќе се отвори врата надвор од дозволените локации, што ќе ви овозможи вам или на возачот да реагирате и да избегнете загуби.
Спречете кражби или оштетување на товарот, како и проблематични испораки.
Нема да треба да надоместувате украдена стока или да ги обесштетувате клиентите.
Нема жична инсталација што може да се оштети или да се прекине; едноставна и исплатлива надградба.
Уреди и додатоци
Сензорот за отворена врата користи магнетен прекинувач и веднаш забележува кога е отворена вратата на товарниот дел.
Безжичната верзија на сензорот за отворена врата се инсталира многу полесно и побрзо. Користи радиофреквенција за пренесување на статусот на вратата.