Интегрирана навигација

Стигнете навреме и имајте уште позадоволни клиенти.

Вашата фирма за камионски превоз треба да земе товар од локацијата на еден клиент. Побарувате најблизок слободен камион. Со кликнување на копче, ја испраќате локацијата на вашите возачи, заедно со јасни инструкции. Штом ќе застане, ќе може да ја прифати и да ја почне работата. 

Гледате ли колку е едноставно, јасно, безбедно и економично?

Модулот за интегрирана навигација на „фротком“ е вашето решение кога треба да комуницирате со своите возачи едноставно, јасно и економично и истовремено нуди инструмент за навигација за да не се греши рутата.

Интегрираната навигација на „фротком“ овозможува интеракција меѓу управителите на возниот парк и возачите преку навигатор во возилото. 

Можете да испраќате дестинации до вградениот терминал (клиенти, локации за товарење и растоварање или други, заедно со инструкции).

Вашите возачи ќе може да ги читаат и да одговараат на пораките добиени од канцеларијата, или да креираат и да испраќаат нови пораки. Ќе може и да изберат дестинација добиена од канцеларијата и да навигираат до неа.

Всушност, ако тоа го дозволува политиката на вашата фирма, и возачите може да разменуваат пораки.

Интегрираната навигација овозможува не само интеракција помеѓу канцеларијата и возачите преку пораки, туку и можност за навигација до дестинации добиени од канцеларијата.

Дестинации како што се локациите за утовар и истовар може да се испратат директно од Фротком до вградениот терминал, заедно со писмени упатства.

Може да се испратат два вида пораки за дестинациите од канцеларијата: местата на „Фротком“ (места што се од интерес, како што се локациите на клиентите) и бесплатните адреси на мапите.

Текстуалните пораки може да се праќаат и да се примаат, како поевтина и поефикасна алтернатива на телефонските повици, особено кога се работи за меѓународен транспорт.

Сите пратени и примени пораки се чуваат како понатамошна референца.

Главни карактеристики
● Навигација едноставна за користење (има верзии и за камиони)
● Им се испраќаат дестинации и упатства на возачите од канцеларија
● Текстуална комуникација меѓу канцеларијата и возачите, како и меѓу возачите, ако го дозволува тоа вашата фирма
● Сите излезни и влезни пораки се зачувани како понатамошна референца
● Известувања за пристигната порака за сите пораки
● Постојана месечна цена: користете онолку дестинации и пораки колку што ви требаат без дополнителни трошоци

Контактирајте не
Престанете да губите време и пари.

Бенефиции

Намалена потрошувачка на гориво

Возачите може да навигираат директно до дестинацијата со интегрираниот навигатор; нема веќе вртење кругови.

Стигнете навреме

Нема веќе да се губите по пат кога одите кај клиентот; стигнете навреме и имајте уште позадоволни клиенти.

Зголемете ја продуктивноста

Вашите возачи ќе може да завршат повеќе порачки без дополнителен напор и да го користат своето време поефикасно.

Заштедете и на телефонски повици

Не мора да им ги диктирате адресите на своите возачи по телефон, само испратете им текстуална порака преку „фротком“. Може да праќате колку што сакате пораки и дестинации.

Подобра комуникација

Праќајте им текстуални пораки на возачите и примајте текстуални пораки од нив на поедноставен, појасен и побезбеден начин.

Reference - Hobi Logistik - North Macedonia

„Со интегрираната навигација, комуницирањето со возачите е поефикасно и економично“.

Сеадин Али
Извршен директор
-
Hobi Logistik - North Macedonia