Текстуална комуникација со возачите

Бидете јасни и избегнувајте недоразбирања.

Можете да им се јавите на возачите? Секако! Тоа е обично и единствениот начин, особено во итни ситуации. Сепак, текстуалните пораки имаат неколку предности кога треба да пренесете информации јасно и концизно.

„Фротком“ нуди многубројни начини за комуницирање со возачите, од едноставни текстуални пораки до испорачување упатства за работата.

Со каналите за текстуални пораки на „фротком“ може и да изберете неколку возачи истовремено и да им испратите на сите иста порака.

Ако е во согласност со политиката на фирмата, со системот за испраќање пораки „фротком“ возачите може да разменуваат пораки меѓусебно, а тоа може да биде корисно кога соработката меѓу возачите може да ги реши проблемите.
Во зависност од вашите цели, може да изберете еден или повеќе текстуални комуникациски канали:

Интегрирана навигација
Во овој случај, текстуалните пораки се праќаат од канцеларијата до навигациски уреди во возилата. Возачите ги користат овие уреди и за да праќаат текстуални пораки до канцеларијата или меѓусебно (ако тоа го дозволува фирмата).
Покрај текстуалните пораки и навигацијата со мапи, се користат и навигатори во возилото за испраќање на дестинации на возачите, како и соодветни упатства.

Апликација за возачи

Модулот Конверзација на Апликацијата за возачи ви обезбедува околина лесна за употреба за да останете во контакт со вашите возачи бидејќи им овозможува да комуницираат и со канцеларијата и со другите возачи.

Управување со работната сила
Во овој случај, текстуалните пораки се испраќаат од канцеларијата до табличните уреди со „андроид“ во возилата. Возачите ги користат за навигација, за да примаат известувања од канцеларијата за работата што треба да се изврши, како и за да ја известуваат канцеларијата за напредувањето на услугите што ги извршуваат.

Два алтернативни метода
Алтернативно, може да изберете да користите еден од следниве канали: a) СМС-пораки испратени од „фротком“ и пристигнати до мобилите телефони на возачите; б) пораки по е-пошта, исто така испратени од канцеларијата и пристигнати до паметните телефони на возачите преку е-пошта. Во двата случаја, возачите може да испратат одговор до канцеларијата преку истите канали.

Изберете ги во „фротком“ возилата или возачите на кои сакате да им испратите порака. Може да напишете нова порака или да изберете една од вашите најчести пораки. Испратете ја! Готово. Ќе добиете известување кога ќе пристигне пораката.

Возачите може да ви одговараат на пораките и да пишуваат нови пораки. Ако вашата фирма го дозволува тоа, ќе може и меѓусебно да разменуваат текстуални пораки.

Сите влезни и излезни пораки се чуваат во „фротком“ за да се консултираат подоцна, ако има потреба.

Може да изберете пораките да ги праќате до табла-компјутерите со „андроид“, до навигациските уреди во возилата (уреди „гармин“ (Garmin), компатибилни со ФМИ-протоколот), паметните телефони, Апликација за возачи, или до едноставните телефони (СМС)

Основни карактеристики
● Во канцеларија: испраќајте текстуални пораки едноставно и брзо
● Во канцеларија: испратете една порака на повеќе возачи
● Во канцеларија: зачувајте и повторно употребувајте ги честите пораки
● Во канцеларија: добијте потврда дека вашата порака е испорачана
● Во канцеларија: добијте известување веднаш дека пристигнала нова порака
● Во возилото: одговорете на пораката или напишете нова порака
● Во возилото: испратете им текстуална порака на другите возачи (ако е дозволено)

Контактирајте не
Намалете ги трошоците за комуникација и недоразбирањата.

Бенефиции

Бидете поефикасни

Кога користите текстуални пораки може, да бидете подиректни и поефикасни. Нема потреба да чекате добра покриеност или возачите да ви одговорат на повикот, особено ако возат. Кога треба да споделите информации, изберете ги целните возачи и испратете им текстуална порака на сите со еден клик.

Појасни информации

Не е многу практично да се диктира како се пишуваат името или адресата на лицето за контакт на клиентот, особено кога мрежната покриеност или звукот не се толку добри. Текстуалните пораки се многу појасни.

Намалете ги комуникациските трошоци

Ова е особено важно кога се работи за комуникациски трошоци за роаминг. Текстуалните пораки се многу поевтини отколку неколку минути на телефон. Не заборавајте дека повеќето канали за текстуални пораки во „фротком“ имаат постојана цена (која не важи само за СМС-пораки). Може да користите колку што сакате текстуални пораки и тоа нема да влијае врз месечната сметка.

Evro Sped - Macedonia

„Со интегрираната навигација, комуницирањето со возачите е поедноставно, појасно и поекономично“.

Зоран Ѓорчев
Управител
-
Evro Šped - North Macedonia