Управување со работната сила

Хармонизирање на управувањето со работната сила и управувањето со возниот парк.

Го следите напредувањето на секоја превозна услуга на екранот во диспечерската соба. Веднаш забележувате услуга за која претпоставеното време на пристигнување е подоцна во однос на планираното. Може да дејствувате пред да биде предоцна и да се пречекори времето на испорака. 

Модулот за управување со работната сила дозволува да ги известувате своите возачи за работата/задачите едноставно и ефективно. Потоа, следете како напредува секоја поединечна работа во реално време. Вашите клиенти ќе го ценат фактот што имате контрола врз секоја работа што се извршува.

Од страна на возилото, возачот прима нова работа преку својот таблет што го носи во возилото. Тој ги анализира деталите за работата и ја прифаќа притискајќи го копчето „Започни“. Од тој момент, возачот ќе биде воден низ сите планирани фази, сè додека операцијата не биде завршена.

Може извршувањето на секоја работа да го следите во реално време во својата канцеларија. 

Всушност, флексибилноста на модулот за управување со работната сила ви овозможува да ги дефинирате токму очекуваниот работен тек за секој вид задача, како и конкретните обрасци што вашите возачи треба да ги пополнуваат во разните ситуации, како на пример при испораките, ставањето гориво, периодите на чекање, итн. Може да го конфигурирате во согласност со конкретните потреби на вашата фирма.

Модулот за управување со работната сила овозможува интерфејс за таблети со „андроид“ и "iOS" што се носат во возилата, со што возачите/возилата/тимовите се известуваат за работата што треба да се изврши. 

Дополнително, може да се испраќаат и текстуални пораки, со што се подобрува комуникацијата и чувањето на пораки за во иднина.

Апликација за возачи го олеснува навигирањето до/низ Насоки и Рути, користејќи различни апликации за навигациски системи (како Google Maps, Waze и Sygic Truck & Caravan).

Интерфејсот на таблетот, кој е многу лесен за користење, ги води возачите од една до друга фаза на задачата. Овие информации ги добива „Фротком“ во реално време. Диспечерите знаат точно во која фаза се наоѓа секоја работна задача во секое време.

Пораките, работните задачи или знаците за претпазливост, веднаш штом ќе пристигнат, се прикажуваат на таблетот.

Главни карактеристики

  • Испраќање на работните задачи
  • Двонасочна текстуална комуникација меѓу канцеларијата и возачите
  • Автоматски предупредувања кога статусот на работата не се совпаѓа со движењето на возилото
  • Алармите се прикажуваат на таблетот (на пример, аларми при ненадејно забрзување во возењето)
  • Целосно приспособлив работен тек за секој тип работа

     
Контактирајте не
Подобрете ја ефикасноста на вашиот тим.

Бенефиции

Испратете известувања за работа едноставно и следете ги
Доделувајте им работа на соодветните возила/возачи и потоа следете го напредувањето на секоја работа во согласност со дневниот план.
Намалете ја потрошувачката на гориво и стигнете навреме
Со помош на интегрираниот навигатор, возачите може да навигираат директно до своите дестинации. Нема веќе возење наоколу.
Зголемете ја продуктивноста
Вашите возачи ќе можат да завршат повеќе порачки без дополнителен напор.
Документирајте го секој чекор
Собирајте обрасци од теренот при секој дел од процесот: доказ за испорака, одбиена работа, дополнување гориво, чекање итн.
Reference - Mémora - Spain

Планерот за работна сила, кој работи 24 часа на ден, ни помага да бидеме поефикасни во нашата работа и ни овозможува да ги контролираме задачите на нашите возачи. Во емотивен сектор како индустријата за погреби, информациите мора да бидат внимателни, прецизни и точни за да ги придружуваат роднините на последното патување на некој близок. Постигнувањето на ваков вид на мониторинг беше од најголема важност.

Jennifer Palma
Менаџер за логистика
-
Mémora - Spain