Управување со работната сила

Хармонизирање на управувањето со работната сила и управувањето со возниот парк.

Го следите напредувањето на секоја превозна услуга на екранот во диспечерската соба. Веднаш забележувате услуга за која претпоставеното време на пристигнување е подоцна во однос на планираното. Може да дејствувате пред да биде предоцна и да се пречекори времето на испорака. 

Модулот за управување со работната сила дозволува да ги известувате своите возачи за работата/задачите едноставно и ефективно. Потоа, следете како напредува секоја поединечна работа во реално време. Вашите клиенти ќе го ценат фактот што имате контрола врз секоја работа што се извршува.

Во однос на возилото, возачот прима нова работа преку својот табла-компјутер што го носи во возилото. Тој ги анализира деталите за работата и ја прифаќа притискајќи го копчето „Започни“. Од тој момент, табла-компјутерот ќе го води возачот низ сите планирани фази, сè до завршувањето на работата. 

Меѓу дополнителните опции во табла-компјутерот се и навигацијата (Sygic /CoPilot) и испраќањето пораки. 

Може извршувањето на секоја работа да го следите во реално време во својата канцеларија. 

Всушност, флексибилноста на модулот за управување со работната сила ви овозможува да ги дефинирате токму очекуваниот работен тек за секој вид задача, како и конкретните обрасци што вашите возачи треба да ги пополнуваат во разните ситуации, како на пример при испораките, ставањето гориво, периодите на чекање, итн. Може да го конфигурирате во согласност со конкретните потреби на вашата фирма.

Модулот за управување со работната сила овозможува интерфејс за таблични компјутери со „андроид“ што се носат во возилата, со што соодветните возачи/возила/тимови се известуваат за работата што треба да се изврши. 

Дополнително, може да се испраќаат и текстуални пораки, со што се подобруваат комуникацијата и чувањето на пораките за понатамошна ревизија.

Табла-компјутерот што се носи во возилото вклучува и целосно интегриран модул за навигација; вашите возачи може да навигираат до местото на извршување на работата/задачите или до која било друга адреса.

Интерфејсот на табла-компјутерот, кој е многу лесен за користење, ги води возачите од една до друга фаза на задачата. Овие информации ги добива „фротком“ во реално време. Диспечерите знаат точно во која фаза се наоѓа секоја работна задача во секое време.

Текстуалните пораки, работните задачи или знаците за претпазливост, веднаш штом ќе пристигнат, се прикажуваат на табла-компјутерот.

Главни карактеристики
● Испраќање на работните задачи
● Интегрирана навигација што е едноставна за користење (достапни се верзии за камиони)
● Двонасочна текстуална комуникација меѓу канцеларијата и возачите
● Автоматски предупредувања кога статусот на работата не соодветствува со движењето на возилото
● Алармите се прикажуваат на табла-компјутерот (на пример, аларми при ненадејно забрзување во возењето )
● Целосно приспособлив работен тек за секој тип работа

Контактирајте не
Подобрете ја ефикасноста на вашиот тим.

Бенефиции

Испратете известувања за работа едноставно и следете ги

Доделувајте им работа на соодветните возила/возачи и потоа следете го напредувањето на секоја работа во согласност со дневниот план.

Намалете ја потрошувачката на гориво и стигнете навреме

Со помош на интегрираниот навигатор, возачите може да навигираат директно до своите дестинации. Нема веќе возење наоколу.

Зголемете ја продуктивноста

Вашите возачи ќе можат да завршат повеќе порачки без дополнителен напор.

Документирајте го секој чекор

Собирајте обрасци од теренот при секој дел од процесот: доказ за испорака, одбиена работа, дополнување гориво, чекање итн.

Уреди и додатоци

MioWORK™
Model:
F740s
MioWORK™ F740s

Дизајниран да се интегрира во работни места на кои им е потребна мобилност и доверливост, особено управување со возниот парк, теренска услуга и логистичка апликација. Погоден за управување со работна сила и интегрирана навигација.

Garmin Fleet Навигација (EOL)
Model:
700
Garmin fleet 700 Frotcom

Наменет за камионски превоз на големи растојанија. Се користи со софтверот за управување со работната сила. Соодветен и за интегрирана навигација.

Ondara Logística

“Фротком системот за управување со Frotcom Workforce кој работи на таблети она што го барате, робустен и практичен...Тоа значително го подобри начинот на кој работиме и комуницираме и ние сме неизмерно задоволни со модулот WFM.”

Фирма:
Ondara Logistica - Spain
Работата на возниот парк: