Бележник

Кога не смеете да заборавите!

Како управител на возниот парк, треба да ги запишете овие информации пред да ги заборавите: возачот штотуку споменал дека изгледа има проблем со задната врата на приколката. Овие информации треба да ги поврзете со приколката и да пратите некој од сервисот да провери.

Секој ден по стопати комуницирате со возачите, клиентите и со соработниците. Како управител на возниот парк, мора да фаќате белешки.

Треба и да ги организирате тие белешки. Сакате да дознаете лесно што сте запишале вие или колега диспечер во минатото за, на пример, определено возило или возач.

Со бележникот на „фротком“ може да ги следите тие белешки така што ќе ги поврзете со ентитетот на кој тие се однесуваат (на пример, возило), и подоцна, да ги пребарувате белешките и да ги споделувате со колегите, ако има потреба од тоа.

Само отворете ја папката „Бележник“ и внесете ги белешките.

Може да додадете бесплатни текстуални белешки кон податоците за возилата, возачите, местата и клиентите, покрај општите белешки што може да ги креирате. Белешките ќе останат таму додека не ги отстраните вие или некој друг корисник овластен да го стори тоа.

Може да ги филтрирате белешките според датумот, според видот (сите/возила/возачи/места/клиенти/општи) или според корисникот (авторот на белешките) и може да пребарувате слободно секаков текст. Кога филтрирате според видот, може да филтрирате и според некоја поединечна карактеристика на избраниот вид.

Главни карактеристики

● Запишувајте белешки и поврзете ги со возила, возачи или со други ентитети
● Пребарувајте минати белешки едноставно
● Споделете ги своите белешки со колегите

Контактирајте не
Организирајте се подобро со практичниот бележник на Фротком.

Бенефиции

Не заборавајте проблеми!

Бидете во тек за секој проблем во врска со возилата, возачите, клиентите или др.

Подобрете ја тимската комуникација

Споделувајте белешки со колегите диспечери и управители на возниот парк.

Избегнувајте трошоци поради недејствување

Со тоа што ќе избегнувате ситуации во кои некои проблеми остануваат нерешени, може да избегнете трошоци што се резултат на недејствување, како на пример неисполнување на барањата на клиентите или проблеми со возилата што не биле испитани и поправени.

Serma - Spain

„Серма“ (Serma) – Шпанија – општо – писмена препорака

Анхел Хереро (Ángel Herrero)
Раководител на службата за продажба
-
Serma - Spain