Новите барања за усогласеност јго менуваат начинот на кој се управуваат флотите на електрични комбиња во Обединетото Кралство.
Почнувајќи од 1 јули 2025 година, новите MOT правила во Обединетото Кралство ја променија контролата и регулацијата на одредени електрични комбња. Промените се однесуваат на електрични комбња со маса помеѓу 3.5 t и 4.25 t, кои, поради дополнителната тежина од батериите, сега подлежат на различни барања за инспекција.
За многу менаџери на флотата, ова отсликува поширока промена низ оперативата на флотите додека електрификацијата воведува нови технички, оперативни и регулативни барања.
Што сè се менува за електричните комбиња?
Електричните комбња со маса помеѓу 3.5 t и 4.25 t сега мора да поминат MOT прегледи во овластени тест-центри за HGV, наместо во стандардните центри за тестирање на лесни комерцијални возила.
Правилото особено се однесува на електричните комбиња што се управуваат според исклучоците од возачката дозвола од категорија Б во Обединетото Кралство, воведени за да го поддржат преминот кон транспорт со нулта емисија.
Промените беа спроведени за да се обезбеди инспекциите да ја земат предвид:
- Дополнителната тежина предизвикана од батериите на електричните возила;
- Променетите карактеристики на сопирање;
- Технички барања специфични за комерцијалните електрични возила.
Оваа корекција ја одразува брзиот раст на електричните комерцијални флоти низ Обединетото Кралство и потребата регулативите да се развиваат паралелно со технологијата на возилата.
Зошто овие промени се важни за менаџерите на флотата
Влијанието оди многу подалеку од исполнувањето на законските обврски. Новите барања за MOT директно влијаат на:
- Планирањето на одржувањето и распоредот на сервисирање;
- Достапноста на возниот парк и оперативните застои;
- Процесите за управување со усогласеноста со прописите;
- Животниот циклус на возилата и планирањето на обновата на возниот парк;
- Оперативните трошоци и искористеноста на возилата.
За разлика од традиционалните флоти, електричните комбиња бараат поинакво оперативно следење и технички надзор. Многу менаџери на флотата сега треба да координираат инспекции, одржување и усогласеност во поспецијализирано оперативно опкружување.
Зошто технологијата за управување со флотата станува уште поважна
Со тоа што барањата за усогласеност стануваат посложени, рачното администрирање на флотата станува сè потешко за ефикасно управување.
Решенијата за управување со флотата помагаат на компаниите да:
- Ги следат распоредте за прегледи и одржување;
- Креираат автоматски известувања за усогласеност (аларми за флота);
- Го мониторираат искористувањето на возилата и оперативниот статус;
- Централизираат технички и оперативни информации;
- Намалат застој и административни пропусти.
За електричните флоти, видливоста во реално време е особено важна бидејќи планирањето мора да ги земе предвид и распоредите за полнење, достапноста на возилата, циклусите на одржување и регулаторната усогласеност.
Колку повеќе операциите се електрифицираат, толку повеќе компаниите се потпираат на поврзани податоци и централизиран менаџмент на флотата.
Иднината на управувањето со електрични флоти
Новите MOT правила веројатно се само почеток на поширока регулаторна еволуција што ќе влијае на електричните комерцијални флоти. Со забрзувањето на усвојувањето на регулативите кои се однесуваат на електричните комбиња, менаџерите на флоти ќе треба сè повеќе да се адаптираат кон:
- Нови технички и регулаторни барања;
- Специјализирани процедури за одржување;
- Еволуирачки оперативни регулативи;
- Повеќе комплексни процеси за управување со средства.
Транзицијата кон електрична мобилност менува како треба да се управуваат флотите. Компаниите кои инвестираат во видливост, планирање и интелигентно управување со флотата ќе бидат подобро подготвени да управуваат со електричните флоти ефикасно, да останат во усогласеност и да ги намалат оперативните прекини.
Дали вашите електрични комбии се подготвени за најновите промени во усогласеноста? Разговарајте со нашите експерти за флотата, и откријте како интелигентниот софтвер за управување со флотата на Фротком може да ви помогне да останете во усогласеност, да ги намалите застојите и да ја управувате вашата електрична флота поефикасно.
- Фротком
- Електрични комбиња
- Управување со флотата на електрични возила
- MOT Правила
- UK усогласеност на флотата
- управување со возен парк
- Електрични комерцијални возила
- Одржување на возниот парк
- Усогласеност со возниот парк
- EV Операции
- Електрификација на возниот парк
- Комерцијални електрични возила
- Видливост на возен парк