Планирање и следење на рутите

Ова е почетна точка за интелигентното управување со возниот парк.

На сите возачи им доделувате дневни задачи. Сега треба да се уверите дека тие го извршуваат планираното. Дали возилата ги следат зададените патеки?  Дали вашите клиенти ги добиваат стоката и услугите навреме, како што очекуваат?

​Модулот за планирање и за следење рути дава клучни информации за да може да го следите минувањето на рутите и за да претпоставувате идни настани, врз основа на што ќе ги носите одлуките во врска со управувањето со возниот парк. 

Модулот е направен како многу моќна алатка за креирање и за контролирање рути. Ќе може веднаш да ги забележите возилата што не ја следат однапред дефинираната, одобрена рута. Ќе знаете и колку е оддалечено возилото од дестинацијата и кога се очекува да пристигне.

Може и да го програмирате „фротком“ да им прати знак за претпазливост на клиентите неколку минути или неколку километри пред вашето возило да пристигне кај нив.
 

Во модулот за планирање и за следење на рутите се регистрираат планираното и стварното време на поаѓање и на пристигнување, па „фротком“ може да процени, повторно да пресмета и да ве извести за времето на пристигнување, објаснувајќи ја секоја отстапка од планираните рути. 

Можете да користите повеќе алатки:

● Креирајте рути што ги претпочитате - ова се вообичаените рути што редовно ги користат возилата од вашиот возен парк; може да се состојат од единствена дестинација (рути со една етапа) или од повеќе дестинации (рути со неколку етапи).

● Поврзувајте ги рутите што ги претпочитате со возилата - кога ќе ја поврзете рутата што ја претпочитате со возилото, „фротком“ ќе може да определи дали возилото го следи планот, не само дали се посетени зададените дестинации, туку и дали возилото го следи вистинскиот пат, дали се почитува планираното време за поаѓање и за пристигнување и сл.

● Креирајте спонтани етапи и поврзете ги со возилата – спонтаните етапите се различни рути за една дестинација што не сакате да ја зачувате во „фротком“ како рута што ја претпочитате Едноставно создавате рута на лице место и ја поврзувате со возилото. „Фротком“ ќе ја следи усогласеноста на возилото со планираната рута.

Следете го минувањето на рутата на мапата – може да видите не само каде биле возилата, туку и рутите до дестинациите по кои треба да одат.

● Следете го минувањето на рутата на разни прикази - имате три формати на кои може да го следите извршувањето на рутите: табеларен приказ, линеарен приказ и приказ со гантограм. Сите ви даваат различна перспектива на напредувањето на возилата на рутите на кои се наоѓаат.

● Генерирајте известувања за напредокот при минување на рутата – известете ги клиентите преку е-пошта или СМС неколку минути или километри пред вашето возило да пристигне кај нив.

● Користете аларми за да реагирате брзо – алармите се активираат кога возилото скршнува од планираната рута или затоа што следи друга рута или затоа што предолго патува.

● Генерирајте извештаи – извештаите за рутите покажуваат како возилото ја минува секоја рута во определен временски период. Ќе може да ги споредувате планираните и поминатите рути, како и да ги забележите разликите меѓу нив.

Главни карактеристики
● Креирајте рути што ги претпочитате и зачувајте ги за употреба подоцна
● Поврзувајте ги рутите што ги претпочитате со возилата
● Креирајте спонтани етапи (единични дестинации) и поврзете ги со возила
● Генерирајте рути директно од навигациските уреди
● Проценете го времето на пристигнување
● Следете го минувањето на рутата на мапата или во три различни прикази
● Активирајте аларми и генерирајте известувања и извештаи за минувањето на рутата

Контактирајте не
Создавајте, оптимизирајте и контролирајте рути почнувајќи од денес.

Бенефиции

Подобро планирање на работата

Знајте што точно може да барате од вашиот возен парк,  така што ќе го најдете најдобриот начин да ги соедините плановите и нивното извршување.

Поголема контрола врз возниот парк

Следете го минувањето на рутите и добијте известување ако некое возило застрани од планираната рута. Дејствувајте пред да биде предоцна за да се поправи ситуацијата.

Подобро опслужување на клиентите

Известете ги клиентите по е-пошта или по СМС, неколку минути однапред или неколку километри од дестинацијата. Тоа ќе им даде време да се подготват за работата и/или да ги подготват документите.
 

Намалена потрошувачка на гориво

Ако ги планирате рутите правилно, може да очекувате да се намали километражата и со тоа да се намалат трошоците за гориво на вашиот возен парк.

Serviroad - Frotcom

"Од имплементацијата на софтверот Фротком, постигнавме намалување од околу 0,8 литри во вкупниот просек на компанијата. Поминуваме приближно 1.000.000км месечно низ целата флота, што значи директна заштеда од приближно 4.500 €".

Noé Bernardes
Контролор и советник за безбедност на „ТАПА“
-
Serviroad - Portugal