АПИ (интеграција со надворешен софтвер)

Целосна интеграција со апликациите што ги користи вашата администрација.

Вашиот оддел за човечки ресурси сака „фротком“ да генерира список на километража по возач, по месец. Не сака да споделува безброј датотеки „ексел“. Сакаат да кликнат копче во вашиот софтвер за човечки ресурси и да ја внесат километражата за секој возач посебно. Може, едноставно е!

Кога веќе ќе ги имате податоците за управување со возниот парк во апликацијата „фротком“, можеби ќе сакате таа да биде во интеракција со други апликации. Тоа е задача за АПИ на „фротком“.

На пример, ако сакате да го интегрирате „фротком“ со софтверот за човечки ресурси, како во примерот даден погоре, или со софтверот за фактурирање што служи за потврда на фактурите на клиентите, или со софтверот за планирање на ресурсите во претпријатијата - ПРП (ERP) што служи за внесување рути и работа, АПИ на „фротком“ е подготвен за тоа.

Фротком на Google Sheet

Ако имате некои знаења за API на Фротком и имате познавање од скриптирање, треба да го проверите ова: сега можете да ги имате податоците на вашата компанија од Фротком на табела и да ги користите како што сакате.

Фротком на Google Sheet е лесен начин да ги добиете податоците од Фротком во табела. Со ова, ќе можете да анализирате податоци, да создавате извештаи итн.

Всушност, можете дури и да го користите Фротком на Google Sheet за да внесете информации во Фротком, на пример за да внесете работни места, да доделите возачи или да го промените статусот на возачот. Имагинацијата е единствената граница!

За да го користите Фротком на Google Sheet, не мора да бидете професионален програмер. Сепак, се очекува да имате некои основни поими за API, јазици за скриптирање и програмирање.

АПИ (API) е комплет ресурси за извлекување податоци добиени од возилата, како што се позицијата, брзината, алармите, патувањата итн.

Функционира и обратно, надворешните апликации може да испраќаат податоци до „фротком“, како што се податоци за нова работа за која треба да се распределат возилата или за пораките што треба да им се пратат на возачите.

Вашите оддел или  служба за ИТ имаат пристап до сите потребни ресурси, вклучувајќи ги и процесите на автентикација, вчитување податоци, ажурирање податоци, внесување податоци и бришење податоци.

АПИ го користи дизајнот РЕСТфул (RESTful) и самостојно се документира на интернет.

За упатства како да го користите Фротком на Google Sheet, посетете го Центарот за помош на Фротком

Откријте ги системите кои се веќе интегрирани со Фротком

Бенефиции

Зголемете ја продуктивноста

Ако го интегрирате „фротком“ во вашиот административен софтвер, никој нема да мора да пречукува информации, а вработените во канцеларијата ќе може да извршуваат други задачи со кои ќе направат повреден придонес.

Помалку човечки грешки

Бидејќи нема човечки интерфејс помеѓу „фротком“ и вашиот административен софтвер, избегнувате грешки што се случуваат често кога се пречукуваат податоци.

Способност да се одговори на зголемените барања

Конечно може да бидете сигурни дека со развојот на вашата работа и зголемувањето на бројот на услугите, возачите и возилата, нема да мора да најмувате повеќе луѓе за да сте во тек со дополнителниот проток на информации. 

Autocares Julià - Spain

"Благодарение на ERP интеграцијата, секојдневните операции претрпеа минимално влијание и и дозволија на компанијата да ги задржи постојните деловни процеси."

Џаум Тарида
Заменик директор за операции
-
Autocares Julià - Spain