Известување за пристигнување

Сè за вистинското опслужување на клиентите.

Вашиот камион штотуку не пристигнал на следното место на подигнување. Сакате да го известите клиентот неколку минути однапред за да биде подготвен.

Известувањата за пристигнување се можност вклучена во модулот на „фротком“ за планирање и за следење на рутите. 

Ќе може да ги известите вашите клиенти автоматски токму пред да пристигнат вашите возила до своите дестинации.

Тоа ќе му даде време на клиентот да се подготви, а со тоа обично се скусува времето на подигнување и на испорачување на стоката.

Секогаш кога на некое возило му задавате рута, може да наведете дали треба на клиентот да му се прати известување пред пристигнување.

Всушност, може да праќате известувања за пристигнување и на други заинтересирани страни, не само на клиентите.

Може да определите и кога точно треба да се прати известувањето. Може да биде некое време пред планираното пристигнување, на пример 5 минути однапред, или кога возилото е на определена оддалеченост, на пример, на 10 км од дестинацијата.

Известувањата може да се испраќаат по е-пошта и/или по СМС.

Може да наведете текст или да користите претходно дефиниран шаблон што ќе го создадете.

Главни карактеристики

  • Предупредете ги клиентите пред да пристигнат вашите возила кај нив
  • Известувањата може да се испраќаат по е-пошта или по СМС
Контактирајте не
Задржете ги вашите клиенти со редовно ажурирање.

Бенефиции

Синхронизирајте ги своите операции со тие на вашите клиенти

Заштедете време со тоа што вашите клиенти ќе се подготват за пристигнувањето на вашето возило.

Избегнувајте прекинати операции

Понекогаш, ако клиентот не е подготвен за вашето пристигнување, може да се случи да се прекине целата операција. На пример, може да не се подготвени средствата за плаќање или можеби не е достапно вистинското лице. Намалете ја можноста да се случи тоа со тоа што ќе ги известувате клиентите за претстојните пристигнувања.

Подобрете го квалитетот на услугите

Известувањата за пристигнување се знак за квалитетни услуги и за добра организација. Вашите клиенти ќе знаат да го ценат тоа.