УОК – Управување на односот со клиентите

Сакате среќни клиенти!

Вашиот клиент сака постојано да биде информиран за местоположбата на неговата стока што ја превезувате во вашите возила. Не сакате да назначите вработено лице да биде во контакт со овој клиент за да ми кажува каде се наоѓаат возилата во секој момент, но сакате и да му го исполните барањето на клиентот.

Многумина би рекле дека најважниот услов за успехот на која било фирма се задоволните клиенти. Затоа, нормално е тоа што „фротком“ сака да ви помогне да управувате со односите на вашата фирма со клиентите. 

Со УОК на „фротком“ може да креирате дозволи за лоцирање, посебни одобрувања што ќе им овозможат на вашите посебни клиенти да имаат слободен пристап до движењето на возилата што ја превезуваат нивната стока.

Секојпат кога креирате дозвола за лоцирање, што е многу едноставен процес, може да го изберете клиентот што ќе ја прими дозволата за лоцирање по е-пошта.  Потоа, клиентот ќе може да го гледа движењето на товарот, во реално време, до завршувањето на услугата или до откажувањето на дозволата за лоцирање.

Модулот за УОК во „фротком“ вклучува две папки:

● Клиенти

Креирајте и управувајте со информациите за клиентите на вашата фирма. Некои од тие информации може да ги искористи „фротком“ за да ви помогне да ги креирате дозволите за лоцирање.

 Дозволи за лоцирање

Креирајте, праќајте и управувајте со дозволите за лоцирање. Со дозволите за лоцирање, надворешните корисници ќе може да го следат движењето на својот товар. Секојпат кога ќе креирате дозвола за лоцирање, соодветните контакти кај вашиот клиент ќе добијат е-писмо со линк до мапа на „фротком“.  
Ако кликнете на вметнатиот линк, веднаш ќе се отвори посебна мапа на „фротком“ наменета за лоцирање на возилата на тој клиент.

Контактирајте не
Задржете ги вашите клиенти задоволни со CRM на Фротком.

Бенефиции

Не оптоварувајте го својот тим со дополнителни задачи

Со можноста за управување на односот со клиентите и со дозволите за следење, никој во вашиот тим нема да треба да одговара на прашањата на клиентите во врска со тоа каде се наоѓа товарот или со времето на пристигнување. Веќе ќе ги имаат одговорите.

Имајте задоволни клиенти!

Најважно е клиентите да бидат задоволни. На вашите клиенти ќе им се допадне да ги знаат позициите на возилата и претпоставеното време на пристигнување. Ќе може да планираат поуспешно.

Bal-Komerc - Macedonia

"Имајќи поефикасен возен парк, со CRM модулот на Фротком, исто така, имаше големо влијание врз услугата на купувачи."

Велковски Благоја
Извршен Директор
-
Bal Komerc - North Macedonia