Телевизија „Фротком“

Сопствен ТВ-канал на вашата фирма.

Потенцијален клиент ве посетува за да се увери дали вашите услуги се толку добри како што тврдите. Сакате да го импресионирате. Затоа, имате голем екран на ѕидот на салата за состаноци, на кој се прикажуваат тековни информации за вашиот возен парк и за фирмата. 

Телевизијата „Фротком“ е феноменално достигнување во следењето возила. Бидејќи поддржува телевизиски формат на веб-извор на вести и дава панорамски преглед, ве сместува на совозачкото седиште. По користењето на телевизијата „Фротком“, нема да сакате да сте без неа.

Оваа извонредна технологија е реалност. Поентата не е само да ги импресионирате посетителите. Поставете голем екран во диспечерската просторија и секој ќе може да го следи напредувањето на секое патување. Како да сте на совозачкото седиште.

Наменета за голем екран, со телевизијата „Фротком“ ќе добивате информации во реално време за случувањата во вашиот возен парк. Гледајте сè без да се поместувате! Само опуштете се и гледајте.

Телевизијата „Фротком“ креира локален ТВ-канал за вашата фирма. Покрај вестите за вашиот возен парк, може да изберете и други извори на вести, на пример, Би-би-си, „Фајненшел тајмс“ или други, под услов да имаат, РСС (вообичаен интернет-стандард за веб-извор на вести).

Покрај тоа што ги прикажува вестите за вашиот возен парк и други вести што ќе ги изберете однапред вие, телевизијата „фротком“ постојано ги проверува возилата во вашиот возен парк кога има важни случувања: два примера за тоа се вклучувањето на аларм или пристигнувањето на дестинацијата, но може да избирате и други настани.

Една од најдобрите карактеристики на телевизијата е тоа што може да дава панорамски преглед од 360 степени околу возилото. Како да сте и самите таму!
Ќе имате пристап и до некои од клучните показатели за ефективноста на возниот парк (КПЕ), како што се проценетите дневни трошоци, бројот на вклучени аларми, бројот на посети (на пример, кај клиенти), моменталните пополнетост или обем на работа итн.

Главни карактеристики

● Непрекинат веб-извор на вести со вести за вашиот возен парк, за вашата фирма и кој било друг извор на вести што сакате да го додадете.
● Целосно автоматски. Не е потребна човечка интервенција.
● Одлична за прикажување на голем екран во канцеларијата
● Може да конфигурирате за што сакате да гледате вести: аларми, пристигнување на возилата итн.

Контактирајте не
Создадете Фротком ТВ канал за вашата компанија.

Бенефиции

Расположливи информации

Следете го секој чекор на вашиот возен парк на голем екран. Нема потреба да пребарувате информации; достапни се во секое време.

Импресионирајте ги посетителите

Кога посетителите и клиентите ќе видат што нуди телевизијата „Фротком“, ќе сакаат да работат со вас.

Devolli corporation - Kosova

"Корпорацијата Деволи воспостави соба за следење која му овозможува на тимот за управување со возниот парк да ги следи сите нивни возила во реално време, благодарение на Фротком ТВ."

Ардита Мулазенуни
Управувач на возен парк
-
Devolli Corporation - Kosovo