Управување со горивото

Контролирајте го горивото непрекинато.

Не можете да најдете објаснување за големото отстапување на потрошувачката на гориво во некои возила. Мора да испитате и да видите што се случува.

Крадењето гориво и неовластеното користење се постојан проблем во некои региони. 

Со модулот за управување со горивото може да ги контролирате нивоата на горивото и потрошувачката на горивото, како и да ги споредувате вредностите што ги отчитуваат сензорите на „фротком“ со податоците за горивото што се внесуваат рачно или што се увезуваат од евиденциите за трошоци за гориво, во модулот за управување со трошоците.

Управувањето со горивото на „фротком“ и модулот за управување со трошоците функционираат заедно. Кога работат заедно, може да проверувате дека белешките за трошоците за гориво што ги добивате ја одразуваат вистинската потрошувачка на гориво.

Модулот за управување со горивото се служи со сензори за нивото на горивото во резервоарите на камионите. „Фротком“ може да користи неколку видови и брендови на сензори за нивото на горивото, со различна прецизност и големина. Иако „фротком“ може да ги користи фабричките сензори за гориво, тие обично не се доволно прецизни за да забележат отстапувања од, на пример, 2-5 %. 

Може да се мерат нивоата на гориво во двата резервоара на камионот одвоено.

„Фротком“ постојано го следи нивото на горивото во резервоарите. Секое отстапување на нивото на горивото се анализира за да се открие дали е дополнето или намалено горивото (кражба или други причини за губење гориво). 

Може да поставите аларм кој веднаш ќе ве предупреди вас и возачот кога горивото е намалено.

Покрај тоа, кога работите со модулот за управување со трошоците, може да ја споредите дополнетата количина со количините наведени во белешките за трошоците за гориво (сметки, евиденција за гориво, итн.).

За дополнителна безбедност, може да инсталирате безбедносен додаток за отворот за полнење гориво во секој резервоар за да се спречи крадење гориво со сифон, а да може да се дополни резервоарот.

Контактирајте не
Започнете да штедите денес.

Бенефиции

Редовно мерење на нивото на горивото во резервоарите

Ќе добивате детални информации за сите операции за дополнување или за намалување на горивото во резервоарот.

Спречува измами во врска со горивото, негово намалување и неовластено користење

Ако ги следите измените во нивото на горивото, можете да ги споредувате вистинските волумени на гориво со оние во белешките за трошоците за гориво.

Откријте дополнување гориво на неовластени бензински станици

Може да го поставите „фротком“ да ве предупреди кога возилото се надополнува со гориво на бензинската станица што сакате да ја исклучите од своите операции.

Devices and accessories

Безбедносен додаток за отворот за полнење гориво + уред за сигнализирање во кабината
Model:
ФФС 1 (FFS 1)
FF1- Fuel Filler Security Lid + Cabin Signaling Device

Сензорот поврзан за дигиталниот влез на уред на „фротком“ ја забележува состојбата со горивото и пренесува информации за настанот на „фротком“. Монтиран на вратот на капакот на резервоарот, кога е затворен, го затвора пристапот до капакот за гориво.