Возниот парк претставува голем трошок за фирмата. Минимизирањето на овие трошоци сигурно ќе ја подобри профитабилноста на вашата фирма. Повеќето оперативни трошоци на возниот парк може да се контролираат и да се намалат со интелигентните алатки за управување со возни паркови. Конкретно, овие трошоци може да се минимизираат со „фротком“:

Гориво, одржување и абење на гумите

Ова е најголемиот извор на оперативни трошоци во еден возен парк, особено во возен парк составен од камиони чија просечна потрошувачка на гориво и месечна километража се повисоки од оние на полесните возила.

За намалување на тие трошоци:
  • треба да ја планирате рутата на секое возило на најдобар начин за да се минимизира километражата
  • треба да се следи извршувањето за да се уверите дека возачот го извршува планираното
  • треба да се следи и да се анализира возачкото однесување за да се избегнат груби возачки навики што може значително да ја зголемат потрошувачката на гориво
  • треба да се контролираат сите операции во врска со горивото, како и дополнувањето гориво и откривањето кражба на гориво.
Кога правилно планирате и извршувате патување, влијанието само врз трошоците за гориво може да биде доста големо, со намалувања од 5 до 7% во потрошувачката на гориво. До крајот на месецот, сумата значително се зголемува.
Solution – Control your fleets opereational costs

Патарини

Вашата фирма има конкретни прописи за избегнување непотребни трошоци за патарина кога има алтернативни слободни патишта што може да се искористат. Сепак, сите возачи не ги следат прописите на вашата фирма.

Треба да може да ги откриете тие околности веднаш и да ги контактирате возачите да го поправат правецот и да не ги зголемат трошоците што воопшто не ни требало да се направат.

Казни за пречекорување на брзината, незгоди и осигурување

Да бидеме реални, понекогаш вашите возачи може да се под притисок да стигнат навреме и да чувствуваат дека мора да возат побрзо. Меѓутоа, во нивен најдобар интерес, како и на фирмата, е да не се случи тоа.

Не се работи само за ризикот од добивање казна од полицијата. Се работи за ризикот од настанување на тешка незгода.

Треба да може да ги откриете и да ги евидентирате пречекорувањата на брзината и да ги преземете сите потребни мерки за да се осигурите дека тие нема да се прават и понатаму, а со тоа ќе се избегнуваат соодветните трошоци и можноста да настанат трагични последици.

Покрај тоа, ако нешто сепак се случи, се добие казна или се случи незгода, сакате да имате можност да ги проверите околностите во кои се случило тоа. Задолжително е да имате пристап до претходните евиденции за локациите и за брзината.

Препорачани карактеристики

Казни за пречекорување на времетраењето на возењето (тахограф)

Времетраењето на возењето мора да е во согласност со ограничувањата во согласност со локалните прописи. На пример, времетраењето на возењето камион во Европа мора да е во согласност со регулативата (ЕК) 561/2006 која содржи прописи за времетраењето на возењето и на времето за одмор.

Бидејќи треба да се уверите дека вашата фирма ги почитува тие прописи, мора да го следите времетраењето на возењето за сите возачи. Покрај тоа, мора да знаете дали новата задача може да му се распредели на возач што можеби веќе го исполнил дозволеното времетраење на возењето.

Ако го почитувате времетраењето на возењето пропишано со вашите закони, нема да добивате казни за прекршоци.
Bion - Spain
Bion - Spain

„Фирмата заштедува повеќе од еден час дневно со 'фротком'. Откако го контролираме возниот парк со 'фротком' и имаме пристап до клучните информации за него, дефинитивно заштедивме пари со поефикасното водење на нашиот возен парк“.

Карлос Гутиерез (Carlos Gutiérrez)
Сообраќаен управител
-
Bion - Spain

Целосно решение за управување со возниот парк

„Фротком“ е целосен пакет. Нашиот софтвер ги содржи сите карактеристики што ви требаат за да управувате со возниот парк, сеедно во која индустриска гранка работите. Откријте како може да ви помогнеме. 
решенија
Дознајте колку би можеле да заштедувате со „фротком“