Интелигентно управување со возен парк. Што Ви е потребно кога секоја минута е значајна!
Интервју со Daniel Paniagua Fernandez, Државен менаџер во Перу за Help Life.

Со повеќе од 30 години искуство во покритието на брзата помош и транспортот на пациенти, Help Life обезбедува услуги за спасување на живот за јавниот сектор и за приватните клиенти во Шпанија, Италија, Португалија, Бразил и Перу. Компанијата има 1.500 амбулантни возила и повеќе од 400 вработени низ целиот свет.

Континуираната меѓународна експанзија доведе до отворање на нова филијала во Перу, која може да се пофали со 45 возила.
Ние би сакале да му се заблагодариме на Daniel Paniagua Fernandez, Државниот менаџер во Перу за Help Life,што се согласи да ни каже нешто повеќе за растечките односи на Help Life со Фротком.
П: Зошто Help Life одбра да биде партнер со Фротком во Перу?
О: Перу е исклучителен пазар, кој ни е потребен за работа со надворешна алатка за управување со возен парк, нешто што не го правиме во другите региони. Ни беше потребна компанија со докажан локален учинок.
П: Кои проблеми Help Life гледа да ги реши со Фротком системот за следење на возила и управување со возниот парк?
О: Кога се брои секоја минута исклучително е важно за Help Life да има систем кој работел непречено и што е најважно систем кој имал неспоредливо ниво на локална поддршка. Покрај тоа, Фротком понуди неколку многу важни локални решенија за одредени проблеми со кои се соочивме, кои се уникатни за Перуанската средина.

П: Можете ли да ни дадете конкретни детали?
О: Па на пример способноста да им понуди предвидено време на пристигнување на местото во вонредна состојба и способноста постојано да се развива ефикасноста на возачот преку употреба на Фротком анализа за однесување при возењето. Претходно не беше возможно да се оцени ефикасноста на нашите возачи, но сега наградата на возачот е формирана со цел да се препознаат најдобрите возачи за секој месец. Фротком исто така ни помогна да ги намалиме трошоците за одржување и поправка.
П: Која беше повратната информација од клиентот за партнерството со Фротком?
О: Тоа беше многу важно, ние сме во состојба да им понудиме единствена продажна понуда на нашите клиенти, ние можеме да ги задржиме постојано информирани за амбулантните возила со кои располагаме. Во минатото, клиените ни се јавуваа за ажурирање на позицијата на нивното амбулантно возило; сега тие можат да го проверат преку Фротком за себе, едноставо со користење на Фротком решението.
П: Можете ли да го опишете процесот на спроведување на Фротком системот? Дали имаше некои посебни предизвици и како беа решени?
О: Системот беше брз и едноставен за инсталирање, како што е обука на нашите вработени, возачите и едукација на нашите клиенти за придобивките. Улогата на Фротком како партнер беше од суштинско значење, создавајќи програма за обука, и редовно обезбедувајќи не со податоци за да ни помогнат да ги подобриме нашите перформанси.
П: Благодарам Даниел и конечно прашањето кое многу од нашите читатели ќе сакаат да го прашаме. Дали Фротком системот ја подобри вашата крајна линија?
О: Добро прашање. Прво дозволете ми да кажам дека Фротком ни даде технолошка предност во однос на нашите конкуренти и следењето во реално време е единствениот предлог за нашите клиенти. Ние имавме можност да ја оцениме ефикасноста на нашите возачи и забележавме помалку патувања до сервисните работилници.
Уште еднаш, г-дин Fernandez, Фротком би сакал да Ви се заблагодари за вашиот бизнис и со нетрпение очекуваме просперитетни односи во иднина.
HelpLife неодамна сподели корпоративно видео на нивните социјални медиуми, покривајќи го партнерството со Фротком кое беше составен дел на нивната заложба за спасување животи во Перу.
- Фротком
- Help Life Peru
- Интелигентни возни паркови
- управување со возен парк
- Анализа на однесување на возачот
- Проценето време на пристигнување
- Следење во реално време
- Пониски трошоци за одржување
- Заштеда на потрошувачка на гориво
- Подобра комуникација со возачите
- Оптимизација на рута